Бектеши ја искара Царовска и рече повеќе да работи, а не да тера партиска кампања

Вицепремиерката Мила Царовска многу е зафатена со изборни активности па затоа нема време да се посвети на странските компании, рече министерот за економија Крешник Бектеши откако таа ја префрли топката во неговото министерство за тоа кој е крив што странските компании наместо поевтини, ќе плаќаат поскапи царини за производите.

Бектеши и порача на Царовска дека треба да ги знае процедурите во економскиот дел, зашто таа вицепремиер за економски прашања. Рече дека секој што работи на висока функција треба да ги знаат процедурите.

Вицепремиерката Мила Царовска пак, претходно не упати одговор да побараме во министерството за економија.

Инаку, Царовска за време на пандемијата буквално ја немаше никаде, па сега откако почна изборната кампања, секој ден посетува фирми, но во својство на вицепремиер.

Претходно, и министерката за финансии се правдаше дека компаниите на време не доставиле барање, па затоа не им излегле во пресрет.

Иако рокот за привремената мерка за 50% попуст на дел од царините заврши на 1 јули, власта ги игнорира апелите на старнските фирми за продолжување на мерката, односно изедначување на царините со оние во Европската унија.

Алфа уште пред десетина денови го објави дописот на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство кои бараат одговори од власта, за да можат да го планираат производството.

Инаку, инвеститорите имаат приходи кои достигнуваат скоро 3 милијарди евра годишно и вработуваат речиси 28.000 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.