6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Бектеши: Ако има финансиски можности, ќе продолжи поддршката 14.500 денари по вработен

Државата размислува да ја продолжи финансиската поддршка за исплата на плати во приватниот сектор, откако бизнисмените алармираа дека поради Корона кризата 40 илјади работни места висат на конец.

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека викендов Владата остварила средба со коморите на која се разгледувале нивните предлози.

„Едно од барањата е финансиската помош од 14 500 да се продолжи уште неколку месеци. Некои мислат дополнително еден месец, некои имаат предлог да се продолжи два месеци. Во моментот кога зборуваме се прават проекциите и можностите што ги имаме во склоп  на програмата Ковид 19 која е во Генералниот секретаријат и секако ако имаме финансиска можност зошто да не ја продолжиме мерката.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Бектеши информираше дека во завршна фаза е и веб платформата „Дома си е дома“ на која граѓаните ќе имаат можност да проверат дали им следува ваучер за туризам од 100 евра, како и платежна картичка од 50 евра за купување домашни производи. Листата ќе биде достапна во текот на оваа недела.

„Ваучерот кој ќе содржи „QR“ код ќе биде испратен по меил кој веќе граѓаните го имаат доставено до УЈП./ Граѓаните на платформата ќе можат да видат дали се на листата, односно дали ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам, а исто така ќе можат да изберат каде, односно во кој туристичко-угостителски објект низ државата, ќе може ваучерот или платежната картичка да ја користат. “ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Во меѓувреме Бектеши промовираше нова економска мерка за поддршка на туризмот. Со 250 илјади евра ќе се субвенционираат семинари, обуки, конференции…кои ќе се одржуваат во хотелите. Државата ќе покрие 50% од трошоците на невладините организации, здруженија, компании… кои ќе организираат настан во хотел. Ќе може да се аплицира за максимум 3 настани, а апликантот ќе добие максимум по 30 илјади денари за настан.