Бектеши најави директни субвенции за фирмите

Се подготвува четвртиот сет економски мерки, а со тие мерки ќе се поддржат компаниите кои беа најпогодени во кризата, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој најавува и даночни реформи но и директни субвенции за фирмите кои ќе инвестираат во текот на следната година.

„Во моментот се работи на нов четврти економски сет со цел да се дефинираат поединечните сектори кои имаат најголема потреба од поддршка од страна на државата. Секако ќе се направат и даночни реформи и директно субвенционирање на компаниите кои биле, се и ќе бидат храбри во текот на 2021 година да инвестираат, а со тоа и да креираат нови работни места. Истовремено ќе се подобри конкурентноста особено на малите и средните претпријатија за освојување на нови пазари било кој регионално или европско ниво или пак за да ги задржат постоечките бизнис партнери што ги имаат во странство, што секако ќе влијае и врз извозот во странство, рече Бектеши.