Бектеши: Најдено е решение за снабдувањето со струја во Арачиново

Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека во координација со градоначалникот на Општина Арачиново и раководството на ЕВН, е најдено е привремено решение за прашањето за снабдување со електрична енергија на жителите на оваа општина.

-Ова решение е привремено, но, со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.