Бектеши на неформален министерски состанок на Енергетската заедница во Баден

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на неформален Министерски состанок на Енергетската заедница којшто ќе се одржи во Баден, Виена.

-Главни теми на кои ќе се дискутира на Министерскиот состанок на Енергетска заедница ќе бидат снабдувањето и складирањето со гас во земјите членки на Енергетската заедница, интеграција на пазарите на електрична енергија, остварувањето на таргетите до 2030 и влијанието на војната во Украина врз енергетскиот сектор, најави Министерството за економија.