Бектеши: Не се предвидуваат нови рестриктивни мерки за угостителството и туризмот

Не се предвидува да има нови рестриктивни мерки во Секторот угостителство и туризам во периодот што следи имајќи ги во предвид податоците што ги имаме од страна на Комисијата за заразни болести, а и очекувањата за вакцинирање на населението за заштита од ковид-19, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Моментално нема такви дискусии во Владата, а согласно моите информации ни во Комисијата за заразни болести. Во моментов остануваат на сила мерките кои се усвоени од страна на Владата по препорака и предлог од страна на Комисијата за заразни болести, но секако ако се намали бројот и процентот на заразени со ковид-19 ќе се донесат олеснувања. Согласно податоците кои ги имаме не очекуваме да има дополнителни рестриктивни мерки, рече Бектеши во одговор на прашање наденешната прес-конференција.

Тој посочи дека Министерството за економија и Владата секојдневно добиваат барања од страна на различни сектори за олеснување нарестриктивните мерки и посочи дека асите треба да ги почитуваме доколку останат на сила мерките.

Истакна дека има над илјада апликации од компании од Секторот туризам и угостителство најавниот повик за субвенции од кои дел се од приватните сместувачки капацитети во делот на враќање на туристичката такса.

– Повеќето од нив во 2019 година пријавиле многу мал број на гости и можеби повеќе ги чини документацијата за аплицирање од парите што ќе ги добијат, но сериозните туристички агенции, хотелиери и ресторани ќе добијат субвенции имајќи во предвид дека ги исполнуваат условите. Дополнително ќе добијат и рестораните за свадба – рече Бектеши.

Нагласи дека до моментот пред да се објави јавниот повик во Министерството за економија имало само 20 категоризирани ресторани за свадба, а согласно податоците што ги имаме сега, додаде, имаме над 100 апликации кои ги исполнуваат условите и ќе добијат грант.

– Тоа придонесува за формализација на овој многу важен скетор од угостителството во нашата држава – нагласи Бектеши.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.