Бектеши oд утре најави институционални разговори за взаемно признавање на тестовите и вакциналните пасоши со Грција

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се дообјасни во врска со изјавеното за билатерланите преговори со Грција за патување на нашите граѓани во таа земја. Тој рече дека конкретно Министерството за економија не преговара, но дека надлежните институции тоа ќе го нсаправат навреме.

– Не сум кажал дека нема да преговараме со Грција. Јас кажав дека ние како Министерство за економија не преговараме, бидејќи немаме ингеренции за тоа, но тоа не значи дека нема да преговараме. Денеска почнува имунизацијата и од утре Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи ќе стапат во контакт со сите  соседи но и со европските држави се со цел да најдеме заедничко решение за взаемно признавање на тестовите и вакциналните пасоши. Министерствоото за здравство ги подготвува сите протоколи и начинот како ќе се издаваат тие вакцинални пазоши. Во моментот кога ќе ги имаме насоките од соодветните институции секако ќе преземеме активности – рече Бектеши.

Тој додаде дека неговиот коментар дека ќе го развива домашниот туризам е врз основа на тоа дека е обврска на Министерството за економија да се туризмот и да овозможи што повеќе странски туристи да ја посетат земјата.

Претходно министерот изјави дека не се преговара билатерлано со Грција.

– Што се однесува до преговорите со Грција, ние директно не преговараме со грчката влада, имајќи предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Северна Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и на нашите домашни туристи, да ги посетат нашите туристички дестинации – рече пред некој ден Бектеши.