11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Бектеши уеврува дека нема да има рестрикции на електрична енергија и ценовни шокови

Давам целосна поддршка на одлукaта за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Како надлежна институција во областа на енергетиката Министерството за економија во континуитет бара одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Вакциот став на Бектеши доаѓа по повод одлуката на Управниот одбор на АД ЕСМ за кадровски промени со кои се разрешени директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Министерот напиша дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година и дека нема да има рестрикции на електрична енергија.

-Посветено ја следиме работата на сите енергетските компании, напиша Бектеши.