Бектеши: Угостителите да аплицираат согласно критериумите, се реализираат сите мерки од шестиот пакет

Mинистерот за економија Крешник Бектеши, на прес-конференција изјави дека веќе се реализираат сите мерки од шестиот пакет и дека угостителите може да аплицираат согласно критериумите кои се направени заедно со одредени комори.

Бектеши информира дека веќе има ново законско решение во делот на заштита на потрошувачите кое очекува во наредниот месец да го достават до Владата и до Собранието.

-Веќе ги правиме измените во Законот на заштита на потрошувачите и во делот на безбедност на производите. Има предвидено таму точни стандарди кои треба да бидат исполнети, но истовремено и во одредени дуќани каде што можат одредени производи да бидат продадени согласно тие стандарди кои ќе бидат усвоени за кратко време информира Бектеши.

Во делот на стратегијата за развој на туризмот, министерот информира дека е формирана работна група во склоп на Владата и на Министерството за економија каде што сите стопански комори, угостителски и туристички комори кои работат во склоп на големите стопански комори се вклучени и даваат нивни предлози.

-Јас не мислам дека проблем е стратегијата. Имавме време на пандемија. Еден од најподржуваните сектори беше туризмот и угостителството и секако дека оваа година ќе продолжат тие мерки да бидат реализирани и очекувам да се вратиме на бројките на 2019 година каде што имавме рекорд и во делот на странските туристи, а истовремено и преку мерките кои веќе ги реализира Економија имавме зголемување и во делот на домашните туристи. Значи, иако во постоечката стратегија, сегаа веќе се подготвува нова беше предвидено во 2023 година да постигнеме еден милион туристи во нашата држава и над три милиони ноќевања, тоа го постигнавме во 2019 година и затоа ќе ја ревидираме и стратегијата имајќи предвид дека се зголемуваат и можностите за развој на туризмот во нашата држава – рече Бектеши.