Белата куќа: Бајден нема намера унилатерално да испраќа војска во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден нема намера унилатерално да испраќа американски војници во Украина, откако Вашингтон во состојба на приправност стави 8.500 војници со цел да ги примири сојузниците во НАТО во екот на ескалацијата на тензиите со Русија, но Белата куќа не е согласна со мислењата на Киев дека нема да има ескалација на ситуацијата.

„Само да се разбереме: не постојат намери или интерес или желба на претседателот да испрати војска во Украина. НАТО е форум на поддршка на партнерите и земјите од нашето источно крило, и тоа е она врз што е ставен фокусот“, изјави на брифингот за новинарите во Белата куќа, портпаролката Џен Псаки.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, претходно во понеделникот дека 8.500 американски војници се известени да бидат подготвени за брз одговор на НАТО силите, доколку Алијансата ги повика на должност.

Истовремено во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го обвини Вашингтон за разгорување на тензиите околу Украина и го повтори ставот на Москва дека причина за кризата се потезите на САД и НАТО, а не руското распоредување на десетици војници на руската страна од границата што според него е само одговор на она што се случува на украинска територијата.

Руската граница со Украина се протега од северот преку истокот до југот, и на таа територија се проценува дека повеќе од половина од населението е руско и украинскот рускојазично. Москва повтори дека има планови за напад врз Украина и порача дека пораките од Западот се доказ дека Русија е целта а не агресор и предупреди дека нема да толерира руските граѓани да бидат воено нападнати и злоставувани.

Но Псаки во вторникот истакна дека Белата куќа не е согласна со мислењата на Киев дека нема да има ескалација на ситуацијата. Мислењата на украинските функционери дена нема да има натамошна ескалацијата на сутуцаијата на украинско-руската гранциа „се спротивни“ на постапките на Москва, рече портрпаролката на американскиот претседател.

Претходно во понеделникот секретартот на Советот за бационална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов, изјави дека во Киев не гледаат причина за зборување на целосна „руска инвазија“. Украинскиот претседател Владимир Зеленски, истовремено истакна дека ситуацијата на истокот од земјата е „под контрола“.

„Никој не може да влезе во размислувањата на претседателот (на Русија, Владимир) Путин и на руското водство. Она што го гледема се различни подготовки, вклучителни и руски војнции на границата“, рече Псаки на брифингот.

Според неа, од руската страна продолжува со „агресивната реторија“. Псаки, без да ппонуди конкретни податоци, додаде дека во Белата куќа гладаат „зголемување на агресивните дејствија и подготовки на границата“.