Белата куќа го номинира Џејмс О’Брајан за координатор за санкции во Стејт департментот

Клучниот американски актер во изготвувањето на Дејтонскиот мировен договор е номиниран за функцијата координатор за санкции во Стејт департментот.

Станува збор за Џејмс О`Брајан кој функцијата ќе ја извршува со ранг на амбасадор во Стејт департментот.

О`Брајан се смета за клучниот Американец во изготвувањето на Дејтонскиот мировен договор, односно човекот кој го напиша Уставот на Босна и Херцеговина, што всушност е Анекс IV од мировниот договор.

Од 1989 до 2001 година тој беше висок советник на поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации и државен секретар Медлин Олбрајт. Тој беше специјален пратеник на претседателот Клинтон за Балканот. О’Брајан беше многу ангажиран во меѓународниот суд за воени злосторства извршени во поранешна Југославија, како и во формулирањето на американски санкции против Слободан Милошевиќ и Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.