Белата куќа го појаснува Бајден дека засега „нема намера“ да разговара со Путин

Балата куќа во петокот ја појаснуваше изјавата којашто ден претходно ја даде американскиот претседател Џо Бајден наведувајќи дека тој засега не планира да разовата со рускиот претседател Владимор Путин за украинското прашање.

„Засега (Бајден) нема намера да разговара со Путин“, изјави во петокот Џон Кирби, портпаролот на Советот за национална безбедност кој е под надлежност на Белата куќа.

„И како што (Бајден) уште рече, Путин не покажал баш никаков интерес за каков и да е дијалог, всушност спротивното“, рече Кирби на брифингот за новинарите во Белата куќа.

Претседатлот Бајден во четвртокот изјави дека е „подготвен да разговара со Путин доколку настојува да изнајде начин за прекин на војната“, истакнувајќи дека рускиот претседател „сѐ уште тоа не го стори“.

„Кога би било така, во договор со француските и пријателите во НАТО, би бил среќен да седнам со Путин и да видам што има на ум. Сѐ уште тоа не го направи“, додаде Бајден на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.

Овие изјави, сепак, даваат причини да се насети дека Вашингтон е отворен за дијалог со Моксва за воната во Украиа, но Кремљ во петокот јасно го одби предлогот бидејќи, како што по изјавата на Бајден американската страна брифираше дека тоа подразбирало повлекување на руските сили од Украина, на што Русија воопшто ниту помислива.

Кирбо, исто така, во петокот негираше дека САД го наговараат украинскиот претседател Владимир Зеленски да ги продолжи мировните преговори со Москва, нагло прекинати на почетокот од април, кога по оптимистичките најави од Истанбул неколку дена претходно, без најави и во тајни посети во Киев допатуваа поранешниот британски премиер Борис Џонсон и американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

„Претседателот воопшто не рече дека дошло време за преговори. Војната би можела да биде завршена денеска без преговори доколку Путин го направеше тоа што требаше и заминеше од Украина. Неговите сили нема што да прават таму“, рече Кирби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.