Белата куќа го „прекршила“ законот со замрзнување на средствата за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога привремено ја суспендирала воената помош за Украина, одлучило во четвртокот независното контролно и ревизиско тело на Конгресот кое ја надгледува владата (GAO – Government Accountability Office), во врска со главното прашање од постапката за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп.

Од GAO „денеска ја објавуваат официјалната одлука“ во која заклучува дека службите задолжени за буџетската политика на Белата куќа „го прекршиле законот задржувајќи околу 214 милиони долари доделени на министерството за одбрана за воена помош на Украина“, се наведува во соопштението кое го пренесува ресурсот Politico.

GAO извештајот го објави во пресрет на почетокот на судењето за отповикување на Трамп во Сенатот, и се оценува како удар за напорите на Белата куќа да го оправда потегот на претседателот од минатото лето.

Претседателот Доналд Трамп во Претставничкиот дом на Конгресот е обвинет за злоуботреба на овластувањата, дека ја замрзнал воената помош за Ујкраина за од својот украински колега Владимир Зеленски да издвејствува истрага за влијанието на неговиот евентуален демокраски противкандидат на претседателските избори во ноември, поранешниот потпретседател Џо Бајден, во прекинувањето на истрагата за корупција во компанија во чиј управен одбор бил неговиот син Хантер Бајден.

„Совесното спроведување на законот не дозволува претседателот да ги замени законите коишто ги донел Конресот со своите политички приоритети“, се наведува во документот на GAO.

Според американските медиуми, Трамп замрзнал 391 милиони долари, сума којашто Конгресот ја изгласа како воена помош за Украина која од 2014 година е во конфликт со своите одметнати рускојазични региони на истокот од земајта.

Кон крајот на август, кога се случил телефонскиот разговор со штотуку изгласаниот Зеленски, Трамп наредил ревизија на воената помош на Украина, како што објасни Белата куќа, за да се увери дека средствата се искористени на најдобар начин од аспект на интересите на САД. На 2-ри октомври, претседателот објави дека воената финансиска помош за Украина е деблокирана на барање на републиканскиот сенатор Роб Портман и уште неколку законодавци, но во септември скандалот веќе се прошири.

Кон крајот на декември, демократскио сенатор од Мериленд, Крис Ван Холен, се обрати до GAO со барање ревизорите да дадат мислење за резултатот од законитоста на американската админситрација да ја суспендира воената помош за Украина. Според сенаторот, Трамп без да го извести Конгресот за своте решение го нарушил законот за буџетски надзор Congressional Budget and Impoundment Control Act, ICA). Но уште претходно во ноември, Politico пишуваше дека GAO заполнал со проверката на соодветноста на овие дејствија од страна на американскиот челник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.