Белата куќа почнува со доставување вакцини против Ковид-19 до аптеките

Белата куќа ќе почне нова програма за испраќање на вакцини против коронавирусот директно до аптеките. Таа акција ќе почне следната недела, а целта е да се прошири пристапот на Американците до лековите. Ова го објави главниот советник во Белата куќа.

Координаторот во тимот на американскиот претседател Џо Бајден, за Ковид-19, Џеф Зинтс, изјави дека програмата че почне на 11 февруари и првично предвидува вкупно 11 милиони дози до 6.500 аптеки.

Тој додаде дека со зголемувањето на достапните количини, опсегот на програмата може да се прошири на 40.000 аптеки.

– Тоа ќе им овозможи на луѓето повеќе места за вакцинирање во градот каде што живеат, нагласи Зинтс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.