Белата куќа веројатно во вторник ќе го објави вториот транскрипт од разговорот Трaмп – Зеленски

Меморандумот од пет страници во кој e транскриптот од телефинскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Влaдимир Зеленски, објавен од Белата куќа на 25-ти септември 2019 година/ REUTERS/Jim Bourg

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека Белата куќа веројатно во вторник ќе го објави транскриптот од вториот телефонски разговор со украинскиот претседател Владимор Зеленски.

„Имаме уште еден многу важен транскрип. Ќе ви го дадам вториот транскрип, бидејќи двапати се слушнав со украинскиот претседател“, рече Трамп пред новинари во воздухопловната база Ендрјуз пред заминувањето за сојузната држава Алабама.

Трамп додаде дека вториот транскрипт би требало да биде објавен во вторник.

Демократите кои поради телефонскиот разговор на Трамп со Зеленски покренаа истрага за иотповикување на Трамп, тврдат дека републиканскиот претседател во разговорот од 25-ти јули, чиј транскрипт Белата куќа го објави, вршел притисок врз Зеленски да го истражи поранешниот потпретседател Џо Бајден, веројатен протви кандидат на Трамп на претседателските избори следната година, и неговиот син Хантер во врска со прекинувањето на истрагата за корупција во Украна в.

Бајден, според сопственото признание додека беше потпретседател и главен човек на Вашингтон за Украина, го уценил со американскат апомош тогашниот украински претседател Петро Порошенко да го разреши тогашниот главен државен обвинител кој ја истражувал корупцијата во најголемата приватна украинска енергетска компанија „Bursima“. Во управионот одбот на компанијата член бил Хантер Бајден, со приход од 50.000 долари месечно, иако ништо не знаел ниту за Уркаина, ниту за енергијата.