Белата куќа загрижена поради развојот на иранската нуклеарна програма

Портпаролот на Белата куќа ја во вторникот изрази длабоката загриженост на САД за развојот на иранската нуклеарна програма, но не потврди дека Иран навистина почнал да произведува ураниум збогатен до 60 проценти во Форду.

„Продолжуваме да гледаме со длабока загриженост не само на развојот на иранската нуклеарна програма, туку и на континуираното подобрување на неговите капацитети за балистички ракети“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Додаде дека САД ќе се погрижат американскиот претседател „да ги има сите потребни опции“.

„Ние секако не го сменивме нашиот став дека нема да дозволиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје“, рече Кирби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.