Белата куќа го истражува протекувањето на советничката белешка за Трамп: Дa не му се честита на Путин

Белата куќа започна во средата да трага за личноста којашто откри во јавноста дека советниците на американскиот претседател Доналд Трамп попусто го предупредувале да не му честита на рускиот колега по должност Владимир Путин на изборната победа.

Според пишувањето на дневниот весник The Washington Post, американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски му честитал на Владимир Путин и покрај предупредувањата на своите советници коишто му напишале и белешки со големи букви „ДА НЕ СЕ ЧЕСТИТА“. Скандалот е уште повеќе одекна поради тоа што во Белата куќа владее напната атмосфера по низата заминувања и отпуштања на соработниците на претседателот.

„Доколку приказната е точна, тоа значи дека некој дозволил да протече белешката од состанокот на советниците и претседателот. Истекувањето на ваквите информации веројатно е противзаконско и може да биде причина за смена“, изјавил за AFP неименуван висок функционер од администрацијата на Трамп. Друг функционер рекол во средата дека сѐ уште се трага по личноста којашто тоа го сторила.

Честитката на Трамп за изборната победа на Путин не им се допадна на членови на американскиот Конгрес кои предупредуваат дека Русија наводно им се заканува на американските избори кои треба да се одржат во ноември.

Министерката за внатрешна безбедноста на тоа предупреди во средата на сослушувањето во Сенатот. „Изборите на половина од мандатот во 2018 година, како и идните избори, се очигледна цел на руските обиди за хакирања“, тврдеше Кристејн Милсен пред Сенатот. Додаде дека руски хакери се обиделе во 2016 година да се влезат во изборните картотеки на 21 од 50 американски сојузни држави.

Трамп изјави дека му честитал на Путин на повторниот избор за претседател и дека во телефонскиот разговор станало збор за можниот нивен скорешен состанок.

Ставовите на Доналд Трамп кон Владимир Путин се под лупа откако влезе во Белата куќа бидејќи специјалниот обвинител Роберт Мјулер задолжен да истражи има ли вистина во тврдењата дека Москва е вмешана во изборната кампања на Трамп во 2016 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.