Белата куќа одобри продажба на оружје за 1,4 млрд долари на Тајван

227

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобрила продажба на оружје во износ од 1,4 милијарди долари на Тајван, пренесува AFP повикувајќи се на извори од Пентагон.

Се претпоставува дека ваквата одлука на Белата куќа може да предизвика огорченост во Пекинг, кој бара од Вашингтон цврсто продржување на политиката на „една Кина“, а Тајван го смета за своја одментната покраина. Кинеските власти претходно остро го критикуваа овој план за вооружување на тајванската армија.

Според извори од агенцијата при Пентагон задолжена за продажба на оружје на странски држави, продаденото вооружување вклучува наведувани проектили, ракети и торпеда.

Во зделката е вклучено и обновување на вооружувањето коешто Тајван веќе го поседува, на пример, радари за противвоздушната одбрана за 400 милиони долари, како и на електронскиот ракетен систем.

Оваа одлука треба уште формално да биде препратена до американскиот Конгрес, чијашто поддршка за продажба на оружје на Тајван досега никогаш не изостанала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.