
Се очекува Белгија официјално да го признае будизмот откако федералната влада ќе го одобри нацрт-законот подоцна во петокот, со што се отвора патот за федерално финансирање, официјални будистички свештеници и предавање будизам во училиштата.
Белгискиот будистички сојуз побара признавање во март 2006 година. Унијата проценува дека во Белгија живеат 150.000 будисти. Единствената друга земја на ЕУ каде будизмот е институционално признат е Австрија.
Во моментов има шест официјално признати вероисповеди во Белгија: римокатоличка, православна, еврејска, англиканска, лутеранска и исламска која беше признаена во 1974 година.
Будизмот ќе биде признат од белгиските власти како „неконфесионална филозофска организација“, а од 2002 година и организираниот секуларизам го има овој статус во Белгија.
Откако ќе биде одобрен од парламентот, законот ќе го отвори патот за создавање локални институции, распоредување на будистички свештеници во пристаништата и аеродромите, затворите, војската и болниците и учење на будизмот во образовниот систем.
Сите белгиски провинции и Регионот Брисел ќе треба да финансираат еден локален будистички центар. Будистите би можеле да добијат до 1,2 милиони евра од федералниот буџет.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.