Белгија ги заострува мерките, воведува речиси целосно „затворање“ а на гости само едно лице

Белгиските власти донесоа одлука во петокот да ги зајакнат мерките за да се обидат да го забават ширењето на заразата со новиот коронавирус која во земјата добива драматични размери.

„Нашата земја се наоѓа во вонредна здравствена состојба. Притисокот врз болниците е огромен, а персоналот прави натчовечки напори секој ден за да спасува животи“, изјави белгискиот премиер Александер Де Кро.

На состанокот на премиерот со челниците на белгиските региони донесени се одлуки за заострување на мерките, кои ќе бидат на сила до 13-ти декември, со тоа што на 1-ви декември ќе се направи преиспитување дали мерките и натаму ќе бидат оставени. Донесена е одлука од понеделник да бидат затворени продавниците, освен дуќаните за храна и аптеките. И натаму ќе може да се порачуваат стоки во сите дуќани преку интернет и да се дојде по неа или да се нарача преку испорака.

Работењето на далечина, секаде каде што тоа е можно, станува задолжително.

Семејствата може да примаат на гости само едно лице, а самците може да примат две лица, но не во исто време. Останува на сила одлуката од пред една семица собирањата надвор да се ограничи на најмногу четири лица.

Полицискиот час од полноќ до 5 часот наутро останува и натаму на сила во цела Белгија, со тоа што две од трите белгиски региона, Валонија и регионот околу главниот град Брисел воведеа полициски час од 22 до 6 часот, што останува и натаму на сила.

Оваа седмица белгиските основни и средни училишта се на есенскиот распуст, кој сега е продолжен до 16-ти ноември, кога би требало постепено да се отвораат, со тоа што повисоките класови на средните училишта имаат половина настава на далечина а половина во училиштата. Наставата на фактултетит и натаму ќе бидат исклучиво онлајн до крајот на годината, освен за бруцошите, кои од 1-ви декември делумно ќе можат и физички ќе бидат на предавање.

Од понеделник се затвораат и фризерските и козметичките салони, додека кафулињаа и рестораните уште од претходно се затворени.

Белгија во петокот пријави 6.187 нови заразени со коронавирусот во болниците, од кои 1.058 пациенти се на интензивна нега. Минатата седмица имаше просечно 15.000 новозаразени дневно, а во последните 14 дена има комулативно 171.522 заразени. На 100.000 жители, Белгија има 1.600 заразени, што е најголем показател во Европа. Од почетокот на епидемијата земјата забележа над 393.000 зарази и над 11.300 смртни исходи.