Белгија го отфрли барањето на Шпанија за предавање на каталонски сепаратист

Белгиското правосудство повторно го отфрли барањето на Шпанија да ѝ биде предаден каталонскиот сепаратист Љуис Пуиџ, баран поради обидот за отцепување на покраината Каталонија во декември 2017 година, објави во петокот обвинителството во Брисел.

Белгиското правосудство „смета дека шпанскотпо тело коешто го издало тој мандат не било надлежно за тоа“, се наведува во соопштението.

Одлуката, којашто е слична на низата претходно носени речиси цела деценија, а особено по контроверзниот референдум за осамостојување на Каталонија во октомври 2017-та, би можела да се одрази врз ситуацијата со поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон, кого Мадрид исто така го бара и кој исто така живее во Белгија за да го избегне шпанското правосудство кое под истото обвинение осуди повеќе негови соработници и каталонски активисти.

Шпанското обвинителство го обвинува Љуис Пуиџ, поранешен регионален министер за култура, за злоупотреба на јавните пари и непослушност кон централните власти. Злоупотребата се однесува на издвојувањето пари со кои се организираше референдумот за независност кој го забрани Уставниот суд во Мадрид.

Избраните пратеници во Европскиот парламент, Карлес Пуџдемон, кој се смета за лидер на движењето за независнсот, и поранешниот покраински министер за здравство, Тони Комин, имаат пратенички имунитет. Тие се барана поради поттикнување на бунт и за злоупотраба на јавни пари.

Мадрид бара израчување и на каталонската политичарка Клара Понсати, поранешна министерка за образование, којашто живее во Шкотска, Таа стана европратеничка по прераспределбата на делот од британските пратенички места поради брегзит.

Процедурите за екстрадиција на овие тројца европратеници се суспендирани додека Европскиот парламент не донесе одлука дали ќе им биде симнат имунитет.