Белгија го предаде забот на Лумумба на неговото семејство

Белгија во понеделникот на церемонија во Брисел го предаде единствената посмртна останка од убиениот херој на независноста на Конго- неговиот заб, на членовите на неговото семејство.

Забот како сувенир го чувал белгиски полицаец кој учествувал во исчезнувањето на телото и кој се пофалил со тоа во медиумите.

Лумумба беше првиот демократски избран премиер на Демократска Република Конго, откако оваа земја стекна независност од Белгија во 1960 година.

Со својот однос со Русија на врвот на Студената војна често го предизвикуваше тревога на Западот, а ја разгневи и Белгија која во еден од своите говори ја критикуваше начинот на нејзиното колонизаторско владеење со Конго.

Неговата влада траеше само три месеца пред да биде соборен со преврат поддржан од западните служби, пред да биде егзекутиран пред стрелачки вод во Катанга во 1961 година. Приврзаници на убиениот премиер, но и многу историчари, за тоа ја обвинија американската Централна разузнавачка агенција (CIA) за порачка и учество во убиството на Лумумба. Телото, поради стравот неговиот гроб да не стане култно место за неговите приврзаници, никогаш не е пронајдено,

На церемонијата во дворецот Егмонт, во центарот на Брисел, белгискиот федерален обвинител Фредерик Ван Лев на семејството на убиениот Лумумба им предаде сина кутија во којашто се наоѓа единствената посмртна останка, неговиот заб.

„По долго време, сега чувствуваме задоволство“, изјави за RTBF пред церемонијата еден од синовите на убиениот Лумумба, Роланд Лумумба.

Осврнувајќи се на тековната правна постапка за „воено злосторство“, по тужбата поднесена во 2011 година од страна на семејството за да се разјаснат условите за убиството, Фредерик Ван Лев додаде: „Очигледно се согласувам со истражниот судија да продолжи да се обидува да напредува (. ..) сепак тоа сѐ уште е една борба“.

Белгиската влада за егзекуцијата му се извини на конгоанскиот народ во февруари 2002 година Парламентарната истражна комисија спроведена во Белгија во 2000/2001 година заклучила дека земјата има „морална одговорност“ за атентатот. Оваа истражна комисија, рече Александар Де Кро, „заклучи дека белгиската влада очигледно го занемарила физичкиот интегритет на Патрис Лумумба и дека по неговиот атентат, истата оваа влада намерно ширела лаги за околностите на неговата смрт“.

„Поради тоа, неколку министри на белгиската влада во тоа време сносат морална одговорност за околностите што доведоа до ова убиство. Тоа е болна и непријатна вистина. Но, мора да се каже“, продолжи фламанскиот либерален лидер.