Белгија го забранува влезот на израелските доселеници на Западниот брег вклучени во насилството

Белгија ќе го забрани влегувањето на своја територија на израелските доселеници од палестинската енклава Западниот брег влучени во насилствата против Палестинците, изјавија во четвртокот вицепремиерката Петра Де Сутер.

Европската унија го осуди порастот на насилствата на израелските доселеници во нелегалните населби кои ги подигнуваат израелските власти на Западниот брег (на реката Јордан) кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија од Израел во војната од 1967 година.

Насилството таму од страна на израелските доселеници кои имаат зашита од израелската војска, остро се зголеми по нападот на палестинскот радикално движење Хамас, кое владее со другата енклава Појасот Газа, и одговорот на Израел. Според палестински извори досега во судирите на Западниот брег загинале најмалку 200 Палестинци, а неколку стотици, меѓу кои многу малолетници и жени се однесени во израелскитезатвори.

Претходно седмицава Соединетите држави започнаа, исто така, да воведуваат забрани за издавање влезни визи за лицата коишто се обвинети за вмешаност во насилствата на Западниот брег.

„На таквите израелски доселеници ќе им биде оневозможено влегувањето во Белгија, а јас ќе предложам Белгија да заговара забрана за нивни патувања во целата Европска унија“, објави Де Суте на мрежата X.

Во средата вечерта белгискиот премиер Александер Де Кро, исто така, најави дека Белгија заедно со САД ќе работат на санкции против поединци кои го нарушуваат мирот на Западниот брег.

На окупираниот Западен брег, кој Палестинците го сметаат за јадрото на својата идна држава заедно со источен Ерусалим, Израел со децени гради доселенички еврејски населби и сега се проценива дека ако на таа теиротија во времето на формирањето на Државата Израел и во деценијата подоцна живееле само илјада Евреи денес ги има неколку стотици илјади, па според некои процени се таа бројка е близу милион. Најголем број земји во светот ги сметаат тоа за нелегално колонизирање на палестинската земја, додека Израел се повикува на новодни историски врски со таа област за што бара потврда во толкувањата во светите книги.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант претходно седмицава изјави дека Израел наводно преземел некои мерки за да се повикаат на одговорност сторителите на насилства на Западниот брег. Меѓутоа, групите за заштита на човекови права критикуваат за масовното давање дозволи за поседување и носење автоматско оружје на доселениците, а Израел таквите прописи ги има за целата територија на својата држава оправдувајќи ја со нужна заштита од честите терористички напади од страна на палестинските радикализирани исламисти.

 

Европската унија би требало да го разгледа заострувањето на санкциите на Хамас и наметнување санкции за израелските доселеници кои ќе ги процени како одговорни за насилствата на Западниот брег, наведува дипломатската служба на ЕУ во документот кој е подготвен за средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки.

Документот, во кој увид имала агенцијата Reuters во средата, им дава опции на министрите за надворешни работи кои тие би требачло да ги разгледаат на состанокот во Брисел во понеделник, во врска со одговорот на ЕУ на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во другата палестинска енклава Појасот Газа, како и подготовки за она што ќе дојде по завршувањето на војната.

Хамасод претходно е на листа на терористички организации во ЕУ, што значи дека сите средства коишто ги поседува во земјите членки би можеле да бидат замрзнати. Меѓутоа, во споменатиот документ сега се предлага и Европската унија да ги „зајакне санкциите против Хамас и другите терористички групи“.

Одлуките за санкциите на ЕУ начелно бараат одобрување од сите 27 земји членки кои не успеаја да се договорат за заеднички став во однос на моменталната криза имајќи предвид дека различните земји имаат различни погледи на поширокиот израелско-палестински судир.

Високите функционери на ЕУ, вклучително и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, исто така, изразуваат загриженост поради растечкото насилство на израелските доселеници против Палестинците на окупираната територија Западен брег. Документот за разговорите, којшто го подготвиле Европската служба за надворешна политика и други фунцкионери на Унијата, предлага одговорот да вклучува забрана за патувања во ЕУ за одговорните и санкции за кршење на човековите права на Западниот брег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.