Белгија испраќа нов хуманитарен конвој во Украина

Министерството за надворешни работи на Белгија јави дека ќе испрати нов хуманитарен конвој во Украина.

Ова доаѓа ден по посетата на премиерот на Белгија, Александер Де Кро, и министерката за надворешни работи, Хаџа Лабиб, на Киев, каде порачаа дека само воена победа на Украина ќе биде победа.

Денеска Министерството за надворешни работи порача дека ќе се испраќа заштитна опрема во Украина како и опрема за прва помош адаптирана на зимски услови, како вреќи за спиење, опрема за прва помош или пак супи. Се испраќа и електрична опрема со помош на белгиските претпријатија Елиа и Проксимус, за да и се помогне на Украина да се справи со урнатите електрични инфраструктури.

Украина побара помош преку Европскиот механизам за цивилна заштита, со оваа помош Белгија сака да ја изрази својата солидарност со украинскиот народ кој се соочува со тешка зима, порачаа од министерството за надворешни работи.