Белгија истражува дали нејзино оружје е користено во нападите во Русија

Белгија ќе побара од Украина да ги објасни написите дека украинските паравоени диверзантски сили ги користеле пушките произведени во Белгија во нападите врз цивилните населби на руската територија во близина на границата, изјави во понеделникот белгискиот премиер Александер Де Кро.

Руското Министерство минатата седмица покажа снимки од американско и друго западно оружје и борбени оклопни возила кои ги користеле украинските милитанти кои упаднаа на територијата на пограничната Белгородска област измината седмица убивајќи најмалку пет цивили и ранувајќи уште десетина меѓу кои и деца.

Американскиот весник The Washington Post, во саботата објави дека наводните „руски партизански борци против Кремљ“, кој на крајот од мај по падот на украинскиот град Бахмут ги започнаа нападите во Белгородската област, користеле тактички борбени возила кои САД и Полска ѝ ги испорачале на Украина, како и пушки произведени во Белгија и во Чешка.

„Нашето Министерство за одбрана и неговите разузнавачки агенции започнаа истрага и бараат информација за да утврдат што точно се случило. Европското оружје ѝ се испорачува на Украина од услов да се користи на украинска територија со цел одбрана на таа територија и имаме строги контроли за да се увериме дека тоа е така“, изјави премиерот Де Кро за белгиското Radio 1.

Де Кро одбил да ги коментира можните последици, доколку бидат потврдени медиумските написи.

„Не смееме да избрзуваме. Меѓутоа, ја анализираме ситуацијата и ова го сфаќаме многу сериозно“, додаде белгискиот премиер во моментите кога во Европа сѐ почесто се изразува стравувањето од вовлекувањето на западните земји во директен судир со Русија во украинската војна.

„Прво, да се обидеме да ги утврдиме фактите: дали ова оружје е она коешто на Украина ѝ го предаде Белгија за одбрана (…) Сѐ уште не сакам да одговарам на хипотетички прашања, но има јасни правила за користење на белгиското оружје“, истакна Де Кро.

Во неделата белгиските медиуми објавија дека Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на кралството „во првата можнос“ ќе се обратат до украинските власти за појаснување поради употребата на оружје од белгиско производство во регионот на Белгород.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.