Белгија конечно би можела да добие влада

Речиси години и половина по одржувањето на парламентарните избори, Белгија во середа би можела да добие коалициска влада, во која нема да бидата најсилните фламански партии.

Седум партии склучиле договор за нова влада, во којашто ќе има по две социјалистички партии, две либерални и две зелени парти, по една фламанска и една франкофонска, како и фламанските демохристијаните.

Името на новиот премиер би требало да биде објавено во среда, а според белгиските медиуми, тоа ќе биде фламанскиот либерал Александер Де Коро, кој во досегашната влада беше министер за финансии. Освен името на премиерот, преостанале да се договрат имињата на 14-те членови на владата. Новата коалиција во Белгија ја нарекуваат „коалиција Вивалди“, имајќи ги предвид боите на обединетите партии кои одговараат на четирите годишни времиња, а според називите на циклисот на четирите концерти за виолина и оркестар на италијанскиот барокнен композитор Антонио Вивалди.

Од декември 2018 година Белгија ја управува малцинска влада откако најсиланата фламанска партија Нов фламански сојуз (NVA) ја напушти владата на премиерот Шарл Мишел. Тогаш беше одлучено да не се оди на вонредни избори, туку да се сочекаат редовните кои се одржаа во мај 2019 година, заедно со изборите за Европскиот парламент.

Од мај 2019-та до денеска се водеа преговори за составот на новата влада, а со земјата целиот период управуваше малцинска влада, со тоа што премиерот Шарл Мишел, кој беше избран за претседател на Европскиот совет, го замени Софи Вилмес, која како и Мишел доаѓа од франкофона либерална партија.

Надвор од владејачката коалиција остана најсилната партија во Фландрија – NVA, која заговара што помалку овластувања за белгиската централна власт во Брисел, а што поголеми за белгиските региони. Со секои нови избори, фламанските партии бараат уште поголема автономија за Фландрија, регион на северот на земјата во кој живее околу 60 отсто од белгиското население. Франкофоното население во јужниот регион Валонија, посиромашно од Фланрдија, се противи на дезинтеграцијата на Белгија. Добрите познавачи на ситуацијата во земјата велат дека Белгија заедно ја држи уште само Брисел, кој се наоѓа во рамките на Фландрија, но во кој повеќе од 80 отсто од населението е франкофоно.

Во Белгија, која е јазично и етнички поделена земја тешко се склучуваат коалиции и по правило за тоа е потребно долго време. Белгија го држи и светскиот рекорд по должината на преговорите за составување на владата. По парламентарните избори во 2010 година беше потребен 541 ден за да се договори новата влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.