Белгија ликвидира агенција на Исламска држава

15

Белгија успеа да ја „уништи“ таканаречената новинска агенција „Амак“ на терористичката група Исламска држава (ИД), јавија локалните медиуми.

Акцијата ја спровело белгиското обвинителство со помош на Европол. Се очекува денеска подоцна европската полициска служба да даде повеќе детали.

Белгиското обвинителство пред една година се обиде да ја прекине работата на Амак, но не успеало само да се справи со тоа. Белгиските власти овој пат побарале помош од европски експерти за извршување на голем електронски напад врз мрежите на таканаречената „новинска агенција“ на џихадистите. Напорите за спречување на работата на Амак траеле неколку дена.

Интернет страницата Амак служеше како место на кое терористите објавуваа соопштенија, меѓу кои и за преземање на одговорност за напади. Основачот на „агенцијата“ беше убиен во воздушен напад од страна на меѓународната коалиција против ИД во источна Сирија пред две години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.