Белгија подготвена за репатријација на 42 деца од Сирија, но не и нивните мајки

Белгискиот министер за надворешни работи, Филип Гофен, порача дека неговата влада е подготвена да ги врати во Белгија децата на џихадисти кои се наоѓаат во камповите во Сирија.

Репатријацијата на децата кои се наоѓаат во овие кампови е  меѓународна обврска и барање на САД.

Вкупно 42 белгиские деца под десетгодишна возраст во моментов се наоѓаат во овие кампови, но Белгија со месеци ја одложува репатријацијата поради логистички проблеми, меѓу другото.

-Белгија ќе стори сѐ за да ја овозможи репатријацијата на овие 42 деца кои се уште во сириските кампови. Сфаќаме дека ова е деликатна операција, не е лесна, ни треба време за да ја организираме, изјави министерот за надворешни работи.

Еден од главните проблеми се мајките. Белгискиот суд ја осуди државата на 5.000 евра казна по ден и по дете сѐ додека не ги врати децата назад во нивната земја заедно со нивните мајки, но владата одбива да ги прими мајките. Државата моментално се бори на Апелациски суд против одлуката за мајките.

-Не сме за рапатријација на мајките кои треба да бидат осудени на лице место, тие се сомничат за тешки злодела на тие територии и нормално е да бидат судени таму. Од љубов кон нивните деца треба да дозволат тие да живеат во достоинствени услови, моментално тие одбиваат да бидат одвоени од своите деца, но ми се чини дека нивна одговорност е да дозволат некое време одвојување од децата, изјави министерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.