Белгија поради епидемијата има морталитет во април на нивото на војната

Поради последиците од епидемијата на новиот коронавирус во Белгија смртноста во април се приближила на нивото од периодот од Втората светска војна од 1940 до 1945 година, покажува студијата на белгиски универзитет објавена во понеделникот.

Според прелиминарните податоци, во април во Белгија починале 14.790 луѓе, значително повеќе од априлскиот просек од 9.000 починати, објави Фламанскиот слободен универзитет (VUB) во Брисел.

„Смртноста во Белгија е невообичаено зголемена на ниво без преседан, особено во периодот меѓу 1-ви и 12-ти април, додека само во еден ден, на 10-ти април, починале 639 луѓе“, се вели во студијата на VUB.

Научниците пресметале дека стапката на смртност во април 2020 година била само 4 отсто помала од стапката на смртноста во април 1941 година, во текот на нацистичката окупација на Белгија.

„Април 2020 година бил најсмртоносниот месец од Втората светска војна, како во апсолутните бројки, така и во односот на бројот на населението“, се додава во студијата.

Зголемената смртност во април воопшто е пониска отколку во јануари, февраури и март, трите зимски месеца во кои преовладува грип, но поради коронавирусот дошло до „вонредна ситуација“ која продолжила во април, појаснува Патрик Дебосер, еден од авторите на студијата.

Зголемената смртност од 10-ти март може речиси во целост да се припише на Covid-19, смета Дебосер.

Истовремено, како што покажала студијата, значително паднала смртноста меѓу младите од 15 до 25 години, бидејчи поради мериките на карантин паднал бројот на сообраќајните несреќи, во кои тие најчесто ги губат животите.

Во Белгија, којашто има 11,5 милиони населениер, од вирусот SARS-CoV-2 досега починале 9.080 луѓе, а бројот на потврдените случаи на заразата се искачи на 55.559 лица.

Смртноста од 783,5 лица на милион население во Белгија е поголема отколку во Шпанија каде што овој показател е 591.

Белгија е првата на листата според бројот починати на милион жители, а следат Шпанија, Италија, Велијка Британија, Франција, Шведска, Холандија, Ирска, САД и Швајцарија.