Белгија: Пред нас се неколку страшни зими

ЕУ ќе мора да издржи неколку „страшни“ зими без контрола на цените на природниот гас, предупреди белгискaта министерка за енергетика, пренесува АФП.

„Следните 5 до 10 зими ќе бидат страшни ако ништо не се преземе“, напиша Тине Ван дер Страетен на Твитер. „Мораме да дејствуваме на изворот, на европско ниво и да работиме на замрзнување на цените на бензинот.

Белгиската министерка за енергетика повика на ограничување на цената на гасот ширум ЕУ, додавајќи дека „времето за разговор е завршено, сега е време да се одлучи“.

Поддршката за контрола на цените на ниво на ЕУ порасна низ целиот блок, во услови на зголемени трошоци за енергија предизвикани од војната во Украина.

„Постои итна потреба да се воведе европска граница на цените“, тврди Ван дер Страетен. „Ова може да ја намали цената за енергија за 770 евра годишно по семејство“.

Таа продолжи: „Европскиот енергетски пазар пропаѓа и итно има потреба од реформи. Ова веќе не е одржливо за многу семејства и компании. Со реформите, ние се справуваме со бујните вишок профити“.

Владите ширум Европа презедоа активности за да ги олеснат трошоците за енергија на домашните пазари, при што многу домаќинства се мачат да врзат крај со крај.

Други мерки што се предлагаат за справување со кризата со трошоците за живот се оданочување на добивката на енергетските компании, обезбедување финансиска помош за домаќинствата и субвенционирање на јавниот превоз.