Белгија предлага ЕУ да воведе санкции за израелските „насилни екстремисти“

Белгискиот премие Александер Де Кро предложи во четвртокот Европската унија да ја проучи можноста за забрана за влез на нејзината територија на еизралеските екстремисти кои заговараат насилство кон Палестинците.

Во говорот пред белгиските пратеници, фламанскиот либерален политичар потсети на насилството над Палестинците над Западниот брег, кој меѓународнатата заедница ја смета за палестинска територија окупирана од Израел од 1967 година, и го оцени како „неприфалтиво недејствување кон насилните екстремисти“.

„Мислам дека нашата земја мора да дејствува така што на оние кои вршат тешки злосторства, на пример спроведуваат насилсва на Западниот брег, да им се забрани влегување во нашата земја и во Европската унија“, додаде белгискиот преми Де Кро.

Таквите поединечни санкции мора да може да бидат применети и на „министерот кој повикув на користење на нуклеарно оружје против населението кое е беспомошно и денес живее во нечовечки услови“, додаде Де Кри.

Алудираше на израелскиот минситер Амихај Елијаји кој во радиско интервју изјави дека уппотребата на нуклеарна омба во палестинската енклава Појасот Газа е „една од можностите“.

Белгија, Франција и Шпанија се меѓу 27-те земји на Европската пензија кои на 27-ми октомври побараа хуманитарно примирје во војната на Израел против, како што тврди, против палестинското радикално движење Хамас, во необврзувачката резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации.

Александар Де Кро во четвртокот во белгискиот парламент повика да се „седне на масата и да се преговата за мир“.

„Не сум видел дека некоја терористичка организација исчезналча со повици за насилство над нив, терористичкиа организација ќе исчезне кога веќе нема да има причини за нејзиното постоење, кога е преговара“, рече белгискиот премиер.

Војната на Израел во Појасот Газа ќе биде главната тема на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во понеделник во Брисел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.