Белгијците ќе мора да резервираат место на плажa

Градот Остенде на белгискиот брег во вторникот објави дека востановува систем за разервација за пристап на најпосетените плажи ова лето, за да се спречи можното ширење на новиот коронавирус.

Повеќе од крајбрежните белгиски градови веќе се подготвуваат за летната сезона, којашто поради епидемијата нема да биде како ниедно претходно.

Во Белгија од Covid-19 почанаа повеќе од 9.000, а заразени се повеќе од 56.000 луѓе. Со тоа земјата којашто има 11,5 милиони население има смртност од 783,5 лица на милион население, која е поголема отколку во Шпанија каде што овој показател е 591.

Градските власти во Остенде се подговтуваат за летото кога во еден месец може да примат повеќе од 50.000 посетители.

Плажата Кнокке неодамна се снабди со коцкести сепареа отвори на едната страна, за да можат семејствата да бидат доволно оддалечени едни од други. А за на гостите да им се овозможи максимален простор покрај брегот, пристапот на најпосетените плажи близу центарот на градот ќе биде можен единствено со резервација.

Предност во Остенде ќе имаат жителите на градот, сопствениците на викендичките, како и гостите во локалните хотели. Градот објави тендер за да ја избер компанијата којашто ќе управува со резервациите.