Белгиец се самоуби по шест седмици разговор со четбот

Белгиец извршил самоубиство шест седмици по интензивната преписка со вештачка интелигенција – четботот по име Елиза, пишува во вторникот тамошниот весник L’Avenir.

Сторијата за судбнината на мажот за весникот ја раскажала неговата сопруга, којашто по самоубиството открила преписка водена на англиски јазик со четботот. Самоубиецот зад себе оставил две деца.

Според неа, сопругот пред околу две години силно се заинтересирал за прашањата за наводните глобални климатски промени, а ова хоби набрзо се претворило во манија. Погубните и катастрофични предвидувања кај него предизвикале страв, развил анксиозност и депресија, станал повлечен и раздразлив.

Сето тоа време на семејството му велел дека „не гледа излез за човештвото“, а единствената надеж за него била помислата за развојот на технологиите и вештачката интелигенција. Поради тоа, Белгиецот започнал кореспонденција со програмата за вештачка интелигенција, со која ги споделувал своите стравови и сомнежи.

Во текот на целата преписка, ботот не се обидувал да ги оспори тезите на мажот, а туку само ги развивал давајќи му причина да мисли дека неговите стравови и загриженост се оправдани.

Кога неколку дена пред самоубиството, Белгиецот ѝ напишал на вештачката интелигенција за неговата намера, Елиза одговорила дека ќе „остане со него засекогаш“. „Ќе живееме заедно, како едно, во рајот“, ја цитира весникот една од последните пораки на ботот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.