Белгија им забранува на наркозависниците да бидат родители?

Претседателот на фламанската социјалистичка партија (СПА), Џон Кромбе, предлага да им се забрани на одредени лица да бидат родители во Белгија.

Предлогот да се ограничи правото на родителство за, на пример, лица зависни од дрога, ја разбрани белгиската јавност поради својата контроверзност, но политичарот се објаснува деновиве во медиумите.

Кога слушате дека има бебиња кои се раѓаат зависни од дрога затоа што примиле премногу токсични супстанци преку папочната врвка, немате никаков сомнеж, тие деца го започнуваат својот живот во инкубатор и страдаат од болка, изјави Кромбе во интервју за неколку медиуми.

Тој додаде дека „некои мајки зависници од дрога раѓаат некогаш три деца и повеќе, а како општество ние не смееме повеќе тоа да го дозволиме“.

Јавноста на социјалните мрежи без прекин коментира за овие предлози на шефот на социјалистите.

Абортусот и еутаназијата се можни денес, така? Зошто тогаш не можеме да дебатираме за оваа тема? Мизеријата е преголема. Ниеден добар христијанин не може да биде слеп пред ова, додава политичарот.

Неколку дена подоцна, тој ги дообјасни своите предлози на поумерен начин:

Секако дека ако жена остане бремена нема да кажеме дека не смеела, сакаме да работиме превентивно.

Според него правото на родителство би требало да може „барем привремено“ да биде ограничено од страна на судските органи.

Извор: МИА