Белгија одлучува за еутаназија на болните деца

Пратениците во белгискиот парламент на 13-ти февруари ќе одлучат за проширување на правата на еутаназија на смртно болни деца.

Законот, за кој што се очекува да биде усвоен, треба да им се овозможи на малолетниците да побараат еутаназија доколку се смртно болни, доколку имаат болки и доколку ниту една партија не може да ги ублажи.

Барањето мора да го одобрат лекарите на пациентите и неговите родители. На крајот на минатата година Сенатот гласал за новиот закон, кој поминал и во Одборот за правосудни прашања.

Соседна Холанија веќе дозволи еутаназија на деца постари од 12 години.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.