Белгија ослободи од затвор речиси 200 терористи

Вкупно 182 лица осудени во Белгија за тероризам биле ослободени, соопшти министерот за правда Кун Генс, цитиран во локалните медиуми.

Во таа цифра се вклучени терористи, нивни соучесници, лица кои ширеле говор на омраза и радикални криминалци.

Ослободените биле осудени по пробивањето на ИД во Сирија од 2011 година.

Од нив, 74 се на списокот на безбедносни служби за континуирано следење.

Во затвори во Белгија сега има 230 лица кои се осудени за тероризам. Од нив, 25 се наоѓаат во затвори со строг режим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.