Белгија се соочува со распад на владејачката коалиција поради пактот за миграциите на ОН

Партијата на фламанските националисти, која е дел од федералната влада на Белгија, му се закани на премиерот Шарл Мишел со истапување доколку тој замине во Маракеш на потпишувањето на имиграцискиот пакт на Обединетите нации.

Белгискиот премиер Шарл Мишел претјод од говорницата на ОН даде ветување дека неговата земја ќе го потпише миграцискиот пакт, кој е веќе одбиен од неколку европски земји. Фламанските националисти од партијата N-VA, кои во владиниот кабинет меѓу другите ги држат и ресорите за одбрана, за внатрешни работи и државниот секретар за миграции, остро се спротиставија на тоа. Партијата N-VA, инаку, во двата дома на белгискиот парламент е најголемата парламентарна група.

Во саботата вечерта, додега во Брисел се одржуваа неодобрените протести на движењето „Жолти елеци“, се одржа итен состанок на владата во врска со миграцискиот пакт. Откако го сослушале излагањето на премиерот, министерот за внатрешни работи и државниот скеретар за миграции ја напуштиле владината седница половина час по нејзиниот почеток, пренесува агенцијата Belga.

„Доколку владата сака да се посвети и да преземе обврски во Маракеш, ние тоа нема да го прифатиме. Шарл Мишел ќе полета утре како премиер на ’шведска коалиција’, но ќе слета како премеир на ’маракешка коалиција“, се наведува во писмената изјава на челникот на N-VA, гувернерот на Антверпен, Барт де Вевер

Сегашната белгиска влада се нарекува „шведска“, бидејќи во неа влегуваат колаициски партнери чиишто партиски бои наликуваат на шведското знаме, (жолт крст на сина заднина). Односно Либералните партии, чијашто е сината боја, и гламанската националистичка партија чија препознатлива е жолтата боја, и фламанската христијанска партија која за симбол го има крстот.

Во одговорот на ултиматумот поставен од фламанските националисти, премиерот Мишел излезе во медиумите со писмена изјава во којашто ја потврдува својата одлука да отпатува во Маракеш, „во име на владата на Белгија“. Покрај тоа, тој и’ се заблагодарува на N-VA за „огромната работа напревена последните години“.

Според челникот на владата во Брисел, работата за прецизирање на позицијата на Белгија во споменатиот пакт се водела долго време, а во септември одлуката била одобрена од сите партии, а обидите да се ревидира не наидуваат на консензус.

Договорот, или како што конкретно се вика „Глобален компакт за бебедни, уредени и регуларни миграции, колоквијално е наречен „Маракешки договор“, според градот во кој на 10-ти декември треба да биде потпишан. Тој беше создаден под покровителство на Обединетите нации, а треба да биде во Мароко. Процесот на составување на овој документ почна со усвојувањето на Њујоршката декларација за беглаците и мигрантите од 2016 година, којашто ја прифатија 193 земји членки на ОН.

САД се повлекоа од преговорите за договроот во 2017 година, кога претседателот Доналд Трамп изјави дека е апсолутно некомпатибилен со миграциските политики на неговата земја. Австрија, којашто моментално претседава со ЕУ, се повлече од гоговорот кон крајот на октомври 2018 година, кога тоа го стори и Австралија. Најверојатно тоа ќе го сторат и Чешка, Полска и Унгарија, центалноевропски земји членки на Европската унија, кои заедно со Словачка ја сочинуваат ткн Вишеградска група, коишто се противеше и на распределбата на мигрантите според принципот на квоти одредени од ЕУ. Слични најави дојдоа и од Бугарија, Израел и од Швајцарија.

Претходно во саботата претседателката на француската крајна десна партија Национален собир, Марин Лепен, одржа средба во Брисел заедно со претставникот на фламанската националистичка партија Влаамс Беланг и со поранешниот претставник на американскиот претседател, Стив Бенон, посветен на Маракешкиот договор.

„Луѓето од малите села, од француските рурални области и оние од париските улици, Ќолтите елеци, француските ’клетници’, всушност се истиот сој луѓе кои во 2016-та на чело на САД го избраа Доналд Трамп, тоа се истите оние луѓе кои гласаа за Брегзит. Тие сакаат да имаат контрола во сопствената земја, тие веруваат во државата – нација… Париз гори, Лондон е во криза. Светскиот договор од Маракеш за миграциите пропаѓа и пред потпишувањето“, оцени Банон.