Белгиски предизвик за Меси и дружината

Многу поголемо внимание ќе привлече првиот денешен 1/4 финален дуел на Мундијалот во Бразил, пресметката помеѓу репрезентациите на Аргентина и Белгија.

И двете репрезентации, со многу мака и после 120 одиграни минути обезбедија пласман во следната рунда, каде фаворитската улога и е доделена на репрезентацијата на Аргентина, најмногу поради фудбалскиот “магионичар”, Лионел Меси.

Освен Меси, најголема опасност пред белгискиот гол би требало да биде и крилниот напаѓач на “гаучосите”, Анхел ди Мариа, додека најверните фанови на Белгија, се надеваат дека најпосле, во истинско светло ќе се претстави младиот играч за врска, Еден Азард кој се уште нема постигнато ниту еден погодок.

“Многу ме интересира дали Аргентина може да се адаптира на нашиот стил на игра. Точно дека Аргентина има фантастичен тим, составен од одлични фудбалери, но не ми делуваат доволно балансирани. Белгија има амбиција да обезбеди пласман во полуфиналната рунда и јас сум убеден дека ќе ја исполниме зацртаната цел. Да му се даде простот на Меси е исто како со сила да си бараш проблем. Мора да функционираме како едан целина, да се браниме и во следниот монент да го нападнеме противничкиот гол. За прв пат, противникот ќе ја има фаворитската улога. Аргентина за нијанса има посилен тим, но ќе победи оној кој е ментално посилен”, изјави селекторот на Белгија, Марк Вилмотс.