Белгиски земјоделец го привлече вниманието на јавноста откако без намера ја прекрои границата меѓу Белгија и Франција, а проимената ја забележал локален стручњак за локалната историја, откривајќи дека каменот меѓник кој ја означува границата меѓу двете земји е поместен за 2,29 метра.
На белгискиот земјоделец граничниот камен му попречил, наводно затоа што се наоѓал на патот по кој тој речиси секојдневно минува со својот трактор, па одлчил да го поттргне, малку повеќе кон франциската територија.
Меѓутоа, властите му советувле да го врати каменот на првибитното место, бидејќи во спротивно министерството за надворешни работи ќе мора да свика состанок на француско-белгиската погранична комисија, а којашто не се состанала уште до 1930 година. Покрај тоа, доколку меѓникот не биде вратен на истото место, би можел да биде казнет.
Границата меѓу Франција и денешна Белгија е долга 620 километри, а споменатиот камен меѓник датира од 1819 година, кога границата првпат е означена. Но, се чини, дека сега потенцијалниот „меѓународен инцидент“ резултирал со шеги од фунцкионерите од двете страни на границата.
„Ја зголемил белгиската територија а ја намалил француската, а тоа не е добра замисла. Среќен сум што моето место стана поголемо, но налалничката на француското место Бусињие-сур-Рок не би се сагласила со тоа“, изјави со насмевка за локалните медиуми Давид Лавоз, началник на белгиското место Еркулине.
„Верувам дека ќе успееме да избегнеме нова погранична војна“, изјавила на шега Орели Велонек, началничка на соседното француско место за локалниот весник La Voix du Nord.