Белград еднострано ја повлекува одлуката за протерување на црногорскиот амбасадор

Српската премиерока Аба Брнабиж информираше во неделата вечерта дека официјален Белград еднострано ќе ја повлече реципрочната одлука за протерување на амбасадорот на Црна Гора, откако претходно во саботата црногорското министерство за надворешни работи го прогласи за непожелна личност амбасадорот на Србија во Подгорица.

„Конвенциите зе важни, но животот е поважен. Дојде времето за пријателство со Црна Гора“, изјави Брнабиќ пред новинарите по средбата во неделата вечерта со српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ.

„Претседателот Вучиќ нѐ повика мене и министерот Селаковиќ на разговор да се консултираме околу одлуката на владата. Тој ја разбира и ја поддржуваа оваа одлука, бидејќи е согласна со Виенската конвенција и со протоколите. Ни кажа дека конвенциите се важно, но дека животот и нашето пријателство со Црна Гора се поважни“, истакна Брнабиќ.

Најави дека „веќе вечерва“ еднострано ќе ја повлече својата одлука за протерување на црногорскиот амбасадор, наведувајќи дека за таа одлука се консултирале и со „претставниците на српскиот народ во Црна Гора“ коишто ја поддржале.

Србија во саботата доцна вечерта, повикувајќи се на Виенската конвенција за дипломатските односи, за непожелна личност го прогласи црногорскиот амбасадор во Белград, Тарзан Милошевиќ, одговарајќи реципрочно на одлуката на црногорската дипломатија донесена неколку часа претходно за „персона нон-грата“ да го прогласи српскиот амбасадор Владимир Божовиќ, барајќи од него во рок од 72 часа да ја напушти Црна Гора.

Подгорица на српскиот амбасадор му забаележа што Подгоричкото собрани, кое во 1918 година одлучило Црна Гора да ја присоедини на Србија кога е укината црногорската монархија, го нарекол „ослободување“ и „слободна волја“ на црногорскиот народ.

Црногроската влада, којашто сѐ уште е водена од партијата на претедателот Мило Ѓигановиќ која по 30 години беше поразена на јунските парламентарни избори смета дека тоа собрание било нелегитимно и дека Божовиќ со својата изјава ја „омаловажил државата којашто му дала дипломатско гостопримство“.

Во соопштението се истакнува дека Божовиќ на таков начин го понижи законодавното и претставничко тело Собранието на Црна Гора, кое на 29-ти ноември 2018 година усвои Резолуција за поништување на одлуката на Подгоричкото собрание, со која е укинат дотогашниот суверенитет на Црна Гора, а нејзината територија присоединета кон Кралството Србија и насилно бил детрониизран кралот Никола Петровиќ Његош.