Белград против „Парада на гордоста“

Илјадници противници на Европрајд парадата, која требаше да се одржи во септември во Белград, вчера протестираа и покрај изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека настанот „ќе биде откажан или одложен“.

Во Белград парадата на EuroPride требаше да се одржи на 17 септември, но Вучиќ во саботата изјави дека парадата ќе биде „откажана или одложена“.

Протестот беше предводен од свештеници на Српската православна црква, чии епископи велат дека „таканареченета „Парада на гордоста“ ги загрозува традиционалните семејни вредности и дека треба да биде забранета.

„Спасете ги нашите деца и семејство“, гласеше на еден од транспарентите што ги носеа демонстрантите во неделата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.