Беличанец: Нема да се кандидирам повторно за градоначалник и ќе се посветам на актерството, ВМРО-ДПМНЕ ја има мојата поддршка

За време на нејзиниот мандат во општината Кисела Вода се реализираа капитални инвестиции. Се изградија и реновираа градинки, училишта, домови на култура, улици…, а Билјана Беличанец-Алексиќ по завршување на мандатот ќе се посвети на семејството и на професијата.

Билјана Беличанец-Алексиќ успешно го завршува мандатот како градоначалник на општината со реализирани најмалку 85 отсто од проектите. Во изјава за ТВ Нова таа вели дека посветено работела решавајќи ги проблемите на сограѓаните, но и дека и недостасувала нејзината примарна професија актерството.

Рече дека нема повторно да се кандидира за градоначалник, но дава силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.

„Ми недостасува актерството, така што не планирам, да се кандидирам за втор мандат. Овие четири години се едно големо, големо животно искуство за еден човек како мене. Изразувам голема благодарност до ВМРО-ДПМНЕ и пред се лидерот на партијата Никола Груевски за тоа што ми беше укажана оваа можност и убедена сум дека партиските структури и партиската организација ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исфрли соодветната личност на претстојните локални избори во која во која граѓаните и жителите ќе се препознаат. Со оглед на праката Ветуваме-остваруваме знам дека било која личност и да биде кандидирана сигурна сум дека ќе биде одговорна и доследна на мотото под кое работевме. Ако нешто ветиш, должен си да го реализираш. Граѓаните на наредните избори нека внимаваат што ќе им биде ветувано“, истакна Беличанец Алексиќ.

Посочи вели дека програмата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реална и остварлива, каква што беше и нејзината.

 

http://tvnova.mk/video/intervju/nema-da-se-kandidiram-povtorno-za-gradonachalnik-ke-se-posvetam-na-akterstvoto/