Белиот кит кој залута во реката Сена угина и покрај драматичната акција за негово спасување

Белиот кит кој со денови беше заглавен во реката Сена угина, и покрај мисијата да му го спасат животот.

Тој беше извлечен од водата во близина на Париз рано утринава како подготовка за префрлање во базен со солена вода во Нормандија.

„И покрај невидената операција за спас на белиот кит, со жалење ја објавивме смртта на китот“, објави на Твитер префектот на департманот Калвадос.

Китот првпат бил забележан во реката во вторникот и бил опасно неухранет, но одбивал храна.

Извор: Блиц.рс