„Белите шлемови“ ја потврдија смртта на нивниот основач

Организацијата „Бели шлемови“ ја потврди смртта на контроверзниот Џејмс Ле Мезурие, чиешто тело го пронајде турската полиција во Истанбул.

Претходно беше објавено дека турските власти започнале истрага за смртта на еден од основачите и главните организатори на организацијата „Бели шлемови“, поранешниот британски разузнавач Џејмс Ле Мезурие. Според турските медиуми, Ле Мезурие бил пронајден од соседите во градината на куќа во Истанбул во која живеел.

„Во шок и тага бевме информирани за смртта на Џејмс Ле МЕсуте, основачи и директор на хуманитарната организација Mayday Rescue, во понеделникот утркото во неговиот дом во Топхане во Истанбул, Турција. Mayday Rescue е една од организациите која ја поддржува Белите шлемови“, соопшти организацијата на Twitter.

Организацијата Бели шлемови, широко позната и поддржувана од Западот, се декларираш како организација која ги спасува цивилите во воените зони. Меѓутоа, сириските власти повеќепати документираа со фото и видео извештаи дека е поврзана со екстремистите и оти задача ѝ е да шири лажни вести и пропаганда против владата во Дамаск.

Руското министерство за надворешни работи активностите на Белите шлемови ги оценуваше како информативна кампања за напад врз сириските власти. Особено ги обвини за подговување провокации и снимање пропагандни материјали со помош на британското разузнавање чија цел беше јавноста на Западот да се убеди во наводното користење на хемиско оружје од страна на Дамаск за да се испровоцира и оправда странска инвазија во Сирија.