4.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Белопета: Алаѓозовски не води Министерство за култура, туку за популизам, маскенбали и туристички патувања

Според него Министерството предводено од СДСМ, не е министерство за култура туку дека треба да се преименува во Министерство за култура, популизам, естрада, забава, фестивалчиња, маскенбали и туристички патувања на Република Македонија.

„После мојот пост на Фејсбук страната на Скопскиот џез фестивал, објавен пред и по повод саботната прес-конференција на Министерството за култура за Годишната програма со резултатите од Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2018 и дводневното нејзино читање, да одговорам на сопствените дилеми и прашања од тој текст. Тоа што неработен ден е избран за прес-конференцијата и не е нешто посебно. Но, подобро ќе беше пресот да се одржи во саботата длабоко по полноќ (ако болеста за себе  промоција стигнала до неизлечивост Министерството ќе донесеше свои камери). А Брлогот наречен Годишна програма воопшто да не се објавуваше на веб-страна или било каде. Заедно со Жабарникот со побарани и доделени суми за аплицираните проекти, во кој се прпелкаат бројни збунети очиња, коментира Белопета.

Според него како што вели „објавувањето на Брлогот и Жабарникот не го сметам за транспарентност, ниту само за бесрамност, туку за невидена дрскост со обид демонстрација на сила и моќ, во кои лагата е најсилното (дали кај нас се уште не совладиво оружје?)“.

„Најнапред, Брлогот (Годишната програма на Алаѓозовски) во некои делови веројатно излегува од овластувањата на Министерството според Законот за Влада, а за сигурно се судира со Законот за култура и дејностите во него. Еден европски Прибе експерт за култура лесно би го потврдил тоа, заедно со разидувањето со европските пракси, а би скренал внимание и предупредил и на одредби од други наши закони, за несовесното во работењето и злоупотреба на службената должност. Малку би го интересирало тој Прибе дилентатизмот и сознанието дека Брлогот и Жабарникот пристигнале од Детска градинка, констатира Белопета.

Според него „нема дилема дека Годишната програма и порано сакала да се додворува на што повеќе корисници, со крај на цел прибирање повеќе изборни гласови (потврдено како бумеранг)“.

Последицата е надвладување на квантитетот, а неквалитетот. Тоа е уравниловка која раѓа незадоволство кај мнозинството.

„Со Брлогот и Жабарникот на Алаѓозовски, со рекордниот број прифатени таквите споменати проекти, се разбира, без вредносен филтер и основни конкурсни критериуми, сегашнoтоминистерствозакултура гидоведе популизмот и уравниловката до совршенство. Не забележувам дека министерството закултуражали за изневерените очекувања. Наједноставно кажано, шокантноделуваенормната бројкана проекти кои со ништо непридонесуваат за културата во државата и кои во старт требале да бидат фрлени, а не „разгледувани“ и прифатени, голем дел од нив и вон дејностите пропишани во Законот за култура на РМ. Некултура за секого? Како да излеземе од Брлогот и Жабарникот? Никако. Единствено останува да им дадеме легимитет – со преименување на Министерството за култура, во Министерство за култура, популизам, естрада, забава, фестивалчиња, маскенбали и туристички патувања на Република Македонија, заклучува Белопета.