Белопета: Секој искажан збор на Заев за конкурсот за култура е комплетна лага

Директорот на скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета, чиј проект беше одбиен на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, го демантираше премиерот Зоран Заев кој изјави дека џез фестивалот не доставил ниту еден документ според протокол.

Смешно и трагично е да ви кажам дека ни еден документ нема доставено еден џез фестивал. Ни еден документ. Го молеа до последен момент. Еден документ, по процедура, по протокол, по се. Секој поединечен искажан збор е неточен! Комплетна лага! Не е мое да претпоставувам кој од неговите најблиски кабинетски соработници му пренесува вакви “информации“, иако притоа не би бил далеку од вистината“ напиша Балопета на Фејсбук.