Белорусија извести за распоредување на американски тенковски баталјон на нејзините граници

Белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин изјави во саботата дека американски тенковски баталјон бил распореден на воени полигон на територијата на Литванија, на 15-ина километри од белоруските граници.

Во изјавата на министерот Хренин за белоруските медиуми дадена по состаникот со претеседателот Александр Лукашенко, се истакнува дека е забележано раздвижување на трупите на НАТО во рамките на две воени маневри Засилено присуство и Атлантска решителност на територијата на соседната земја.

„Истовремено посебно се изведува транспорт на пологонот Пабраде (во Литванија), кој е оддалечен 15 километри од нашатта државна граница, на 2-от тенковски баталјон од 69-от тенковски полк“ на амаериканската армија.

Според белорускиот министер за одбрана всушност станува збор за истите маневри кои се одвиваа и пролетва годинава.

„Но тоа, исто така, не може а да не не загрижива тоа што во близната на нашата граница ќе бидат 500 лица, 29 тенкови, 43 борбени возила Bradley“, истакнал Хренин.

Тој, исто така, истакнал дека регистирано е и интервензирани прелети по должината на државната граница и извидувања на разузнавањето на НАТО за ситуацијата во Белорусија во врска со масовните протести против претседалот Лукашенко.

„Не можема а да не сме загрижени поради летовите на бомбардерите ‘B-52’ по должината на нашата државна граница“, додал Хренин.

Уште кон средината на авгуср белорускиот претседател Александр Лукашенко изјави дека западните земји го зајакнуваат своето воено присуство на границите на неговата земја. Според Лукашенко, „тенковите и авионите“ на НАТО се стационирани „на само 15 минути“ од белоруските граници, дека откако имаше итен состанок со членовите на Генералштабот на белоруската армија и нареди распоредување на споцијалните противвоздишни сили на границите со Полска и Литванија каде што започнаа воени маневри на НАТО.

НАТО повеќепати досега како неосновани ги отрфрли тврдењата на белорускиот претседател дека странски сили организираат распоредување војници на границата со таа земја, откако Лукашенко ја обвини Алијансата дека се обидува да ја подели Белорусија и да назначи нов претседател во Минск. Лукашенко предупреди минатиот месец дека подготовките за тоа се во тек во Полска и Литванија и истакна дека ги распреди белоруските вооружени сили во западната граница на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.