Белорусија, на крајот, одложи два меча поради коронавирусот

Еден меч од најсолното белоруско фидбалско натпреварување и уште еден во второлигашката конкуренција се одложени поради сомневања за случаи на зараза со коронавирусот, соопшти во понеделникот Белеруската фудбалска федерација.

Одложен е дуелот од 9-то коло на белоруската Премиер лига меѓу Минск и Неман Гродна, кој требаше да се игра на 15-ти мај во Минск, како и второлигашниот меч од 5-то коло меѓу Арсенал и Локомотив Гомел (ГОБЖД), закажан за ден подоцна, исто така, во белоруската престолнина. Натпреварите се одложени поради сомневања за појава на коронавирусот меѓу играчите на Минск и на Локомотив.

Белорусија досега беше единствената земја во Европа во којашто се игра фудбал и покрај пандемијата на короанвирусот. Пред два дена започна и првенството на Фарските Острови.

Во Белорусија инаку има речиси 24.000 потврдени случаи на коронавирусот, а починале 130 лица. Претседателот Александр Лукашенко, изјави дека е скептичен кон преземањето драстични мерки за сузбивањето на заразата. Стравувањата од вирусот ги нарече „психоза“ и препорача „уживање во водка, посети на сауни или играње хокеј“ за да се победи болеста. Во саботата илјадници војници и граѓани во Минска учествуваа во големата парада по повод 75-годишнината од советската победа над фашистичка Германија во Втората светска војна.