Белорусија се закани со „жесток одговор“ на ново нарушување на нејзината граница од Украина

Белорусија ја предупреди Украина дека жестоко одговори во случај на повторно нарушување на нејзината државна граница и на украинското воено аташе во Минск му е врачена протесна нота изразувајќи незадоволсто поради повторното нарушување на белорускиот воздушен простор, соопшти во неделата минисерството за одбрана.

„Доколку се случи натамошни прекршувања на државната граница, белоруските граничари ќе дејствуваат крајно жестоко“, изјави портпаролот на белорускиот Мозирски пограничен одред Сергеј Павлов.

Белорусија, исто така, му врачила протесна нота на украинскиот воен дипломат, соопшти министерството за одбрана.

„Военото аташе е информирано дека украинската страна избегнува дијалог за да се решат споровите, што е многу загрижувачко. Има факти кои сведочат за избегнување на обврските од страна на Украина во рамките на регионалните мерки за меѓусебна доверба и безбедност“, соопшти министерството за одбрана.

Се истакнува дека инцидентот се случил „во заднината на обвинувачката реторика на сметка на Белорусија“ и воените вежби во близна на нејзините граници. Минск ги смета активностите на Киев како закана за безбедноста во јужна насока“, се додава.

Претходно Белорусија обвини дека украинските пилоти го нарушуваат нејзиниот воздушен простор и објави снимка на украински воен хеликоптер од типот „Ми-8“ кој во текот на воените маневри кои Украина ги изведуава на самата белоруска граница на височина од 100 метри навлегол до километар во длабочината на територијата на соседната држава.

Пограничните власти на Украина го негираа инцидентот.

„Можеби некој згрешил и шири обвинувања со цел да манипулира“, изјави портпаролот на украинста погранична служба.