Белоруската опозиција најави создавање политичка партија Заедно

Марија Колесникова, членката на претседателството ја Координативниот совет на белоруката опозиција, кој го обединува опозициските фракции и групации во земјата формиран по претседателските избори од 9-ти август на кои повторно победи претседателот Александр Лукашенко, во понеделникот вечерта објави формирање нова политичка партија под називот „Заедно“.

„Јас, Марија Колесникова, и членот на штабот Виктор Бабарико, го објавуваме формирањето на политичката партија Заедно (…) Во блиска иднина ќе бидат предадени документите за нејзина регистрација. Ние ќе се обединиме и ќе бидеме уште посилни“, изјави Колесникова во видео-пораката.

„Денеска создавеме, ново, свесно и одговорно белоруско општество. Пред нас се јавуваат нови предизвици и барања, и неопходно е да се одговори на нив. Земјата се наоѓа во политика и социјално-економска криза, и заедно знаеме како да излеземе од оваа криза. Стотици и илјадници Белоруси, талентирани професионалци, се подготвени да ја преземат одговорноста и заедно да изградат нова Белорусија“, додаде Колесникова.

Во видео-пораката, исто така, беше вклучено и видео на кое се појавува белорускиот опозицски лидер Виктор Бабарико, кој беше приведен под сомение за наводно организирање нелегални активности во банката „Бегазпромбанк“ и во моментов се наоѓа во истражниот затвор на белоруската безбедносна служба која го носи акронимот на злогласната советска тајна полиција КГБ. Во видеото, кое се претпоставува дека е снимено пред апсењето на Бабарико, тој зборува за неоходноста од создавање „организациска форма“, во која ќе се обединат сите поддржувачи на опозицијата.

Според него, целите на оваа организација треба да вклучуваат спроведување на уставните реформи, кои во меѓувреме ги најави и претседателот Александр Лукашенко, работа над подобрување на економската состојба иако белоруската економија е релативно малку изложена на стресовите од другите европски земји, како и „овозможување на луѓето да ја пројават својата граѓанска позиција“.

Претходно во понеделникот, друг член на претседателството на Координативниот совет, Павел Латушко, изјави дека е неопходно советот да биде законски регистриран како општествено движење со цел да се избегнат обвинувањата на негова сметка за „нелигитимност“ на оваа опозицска структура.

Координативниот совет на белоруската опозиција беше формиран на 14-ти август по иницијатива на поранешната претседателска кандидатка, Светлана Тихановска, кога стивнаа масовните протести проследени со крвави судири со полицијата поради реизборот на Лукашенко.

Тихановска не ги призна резултатите од изборите на 9-ти август на кои Лукашенко освои 80,10 отсто од гласовите а таа беше втора со освоени 10,12 отсто од гласовите, по што замина во доброволен егзил во соседна Литванија. Тихановска прво бараше повторно пребројување на гласовите, особено во некои региони на Белорусија, потоа поништувње на гласањето а конечно се залага за заминување на Лукашенко од политиката.

Во штабот на обединетата опозиција велат дека нивната цел е да се обезбеди трансфер на власта. Но државното обвинителство на Белорусија во врска со формирањето на советот отвори кривична постапка поради „повик за преземање на власта“. Членовите на претседателството на советот беа повикани во Истражниот комитет како сведоци за овој случај, а двајца од нив, Сергеј Дилевски и Олга Ковалкова, притоа беа притворени на 10 дена поради „организирање неодобрени масовни настани“.